OHSAS18001:2007 преставува меѓународен стандард кој им овозможува на организациите управување со здравствените и сигурносните аспекти на деловните дејности на делотворен начин, притоа внимателно водејќи сметка за спречување на незгоди, смалување на ризикот и благосостојба на работниците. Цел на OHSAS18001:2007 е спречување или намалување на повредите на работното место и подобрување на работните услови. Специфично дизајниран да биде потполно компатибилен со ISO9001 и ISO 14001.
Зошто ви е потребен ОНЅАЅ18001:2007 ?
- подобрува самодовербата на вашето внатрешно работење во исполнување на корисничките барања, како и на вашиот општ учинок;
- одредување на ризиците кои влијаат на безбедноста и заштитата при работа;
- планови и програми за безбедноста и заштитата при работа;
- намалување на ризикот за безбедност кој произлегува од деловните активности на организацијата;
- зголемување на довербата помеѓу клиентите и инвеститорите околу обврската за управување со безбедност и заштита при работа;
- одржување на коректни односи со своите вработени;
- критериум за учество на тендер;
- подобрување на угледот на организацијата на пазарот.