ISO14001:2004 е интернационален стандард кој ги дефинира параметрите кои се неопходни за еден функционален систем за управување со заштита на животна средина.Самиот стандард е усогласен со барањата на ISO9001:2008 што дозволува лесно обединување со вашиот постоечки систем за квалитет или воведување на двата стандарда во еден интегриран систем за квалитет и животна средина.
ISO14001:2004 претставува водич како поефикасно да се управува со аспектите на околината во своите деловни активности, истовремено земајќи ја во предвид заштитата на околината, спречување на загадувањето и друштвено економските потреби. Клиентите во се позначителен број сакаат доказ за посветеноста, и тука е шансата на фирмите да го докажат искреното верување во зачувување на околината.
Цели на стандардот ISO14001:2004:
- ISO 14001:2004 е насочен кон идентификација и оценка на прашањата врзани за аспектите на животната средина
- да се спречат штетни влијанија кои вилјаат врз животната средина;
- доверба кај потрошувачите дека организацијата има за цел за намалување на потенцијалните ризици од загадувањето, намалување на отпадот, подобри контроли на внатрешните процеси и заштеда на енергијата;
- зголемување на нивото на односот кон граѓаните, локалната самоуправа и централната власт;
- одлично се однесува кон животната средина;
- намалување на инцидентите кои имаат одговорност;
- да се превземат соодветни мерки за заштита на животната средина;
- олеснителни околности при добивање на дозволи и овластувања.