ISO14001 – Систем за управување со заштита на животна средина
ISO14001 е интернационален стандард кој ги дефинира параметрите кои се неопходни за еден функционален систем за управување со животна средина. ISO14001 е усогласен со барањата на ISO9001 што дозволува лесно интегрирање со вашиот постоечки систем за квалитет или воведување на двата стандарда во еден интегриран систем за квалитет и животна средина.
Цели за имплементација на ISO14001
- насоченост кон идентификација и оценка на прашањата поврзани со аспектите на животната средина
- да се спречат штетни влијанија кои вилјаат врз животната средина;
- доверба кај потрошувачите дека организацијата има за цел за намалување на потенцијалните ризици од загадувањето, намалување на отпадот, подобри контроли на внатрешните процеси и заштеда на енергијата;
- зголемување на нивото на односот кон граѓаните, локалната самоуправа и централната власт;
- намалување на инцидентите кои имаат одговорност;
- да се превземат соодветни мерки за заштита на животната средина;
- олеснителни околности при добивање на дозволи и овластувања.
Имплементиран ISO14001 обезбедува:
- постојано подобрување на искористеносt на ресурсите на организацијата;
- усогласеност со законската регулатива од областа на заштита на животна средина;
- препознатливост на вашата организација по напорите кој ги вложува во управувањето со заштита на животната средина;
- влез на најпребирливите пазари на вашите производи;
- поголема доверба во организацијата од страна на сите заинтересирани страни (купувачи, корисници, локално население, вработените, севкупната јавност.)
- подобрување на имиџот на организацијата;
- зголемување на имиџот кај бизнис партнерите.
Придобивки од примената и имплементацијата на ISO14001
- меѓународно прифатената норма за Системот на управување со животна средина ISO 14001 и e голем поттик за репутација на секоја фирма;
- со докажувањето на својата вистинска посветеност за зачувување на околината, можете да ја трансформирате својата корпоративна култура така што ќе привлечете нови бизниси или клиенти кои што се еколошки освестени, додека вработените може да развијат етички пристап на работното место;
- компатибилноста со ISO 14001, може на фирмата да и обезбеди подобро искористување на енергијата и ресурсите, како и намалување на трошоците со текот на времето;
- помага да обезбедите согласност со законодавството за зачувување на околината, при што го намалува ризикот за добивање на казни и можни забрани;
- со сертификацијата на Системот за управување со животна средина од страна на акредитирана сертификациона куќа (TUV Austira, CERTIND, RIGCERT….), ќе и овозможите на вашата фирма развој, како и подобрување на настапот на домашниот и меѓународниот пазар;
- ISO14001 сертификатот на Системот за управување со животна средина ви овозможува да покажете висок степен на еколошка свест во натпреварувањето за добивање на меѓународни бизниси или во случај на ширање на работењето на локалниот пазар.