Овој меѓународен стандард одржава меѓународно добра пракса и применлив е во сите правни системи. Може да се применува на мали, средни и големи организации во сите сектори, вклучувајќи  државни, јавни, приватни и во непрофитниот сектор. Ризиците од подмитувањата со кои се  соочуваат организациите варираат во зависност од факторите, како што се големина на организацијата, локацијата и секторите каде што организацијата работи, природата, обемот и сложеноста на активностите во организацијата. Заради тоа овој меѓународен стандард  специфицира имплементација според политиката на организацијата, процедурите и контролите, кои се разумни и со пропорционален ризик од подмитување со кој се соочува организацијата. Насоките за имплементација на овој меѓународен стандард  се дадени во Анекс А.

Усогласеноста со овој меѓународен стандард не може да гарантира дека не се случило подмитување  или дека нема да се деси во организацијата во иднина, затоа што не е возможно во потполност да се елиминира ризикот од подмитување. Меѓутоа овој меѓународен стандард   може да и помогне на организацијата  да имплементира разумни и пропорционални мерки предвидени за превенција, откривање и да превземе мерки во врска со подмитувањето.

Овој интернационален стандард може да се користи заедно со ISO19600 и други стандарди менаџмент системи како што се ISO9001, ISO14001, ISO22000, како и со ISO26000 и ISO31000.

ISO37001 специфицира барања и обезбедува насоки за воспоставување, имплементирање, одржување, преглед и подобрување на Системот за управување со анти-корупција. Системот може да биде самостоен или да биде интегриран во целиот систем за управување.  Според активностите во организацијата, овој стандард се однесува на следново:

  • Јавен поткуп, приватен или непрофитен сектор
  • Поткуп од страна на организацијата
  • Поткуп од страна на персоналот во организацијата дејствуван во име на организацијата или за негова корист
  • Поткуп од страна на соработниците на организацијата дејствуван во име на организацијата или за нивна корист
  • Поткуп на организацијата
  • Поткуп на персоналот на организацијата во однос со актривностите на организацијата
  • Поткуп на соработниците на организацијата во однос со актривностите на организацијата
  • Директен или индиректен поткуп (пр.понуден или прифатен поткуп преку или од страна на трето лице)

ISO37001 ги поставува условите и му дава насоки на системот за управување со цел да и помогне на организацијата при спречување, решавање и откривање на поткупот во согласност со законите  и доброволните обврски кои се однесуваат на нивните активности.

Во ISO37001 терминот поткуп се однесува на нудење, ветување, давање и прифаќање на несоодветна корист (финансиска или не-финансиска), директно или индиректно,  без оглед на локацијата, спротивно на важечкиот закон, како поттик или награда на лице кое ја извршува или се воздржува од извршување на должноста.

Покрај тоа, оваа општа употреба на терминот “поткуп” ќе биде дополнително информирано од страна на законите за анти-корупција кои  се однесуваат на системот за управување со анти-корупција, дизајниран да им помогне на организацијата.

Овој Меѓународен стандард не се однесува конкретно на измама, картели и на други кривични дела за конкуренција, перење пари и други активности поврзани со коруптивни практики (иако една организација може да избере да се прошири опфатот на системот за управување и да се вклучат  и таквите активности).

Ако целиот или дел од некој услов во ISO37001 е во конфликт или е забранет од страна на применливите закони, тогаш организациите нема да биде обврзани да го усогласат со соодветниот услов или со дел од условот

Shared hosting is usually found with cpanel hosting on most hosting companies. Always check out hostmonster review and bluehost review before making any hosting purchase.
loading