HACCP – Hazard Analysis Critical Control Points (Анализа на опасностите на критичните контролни точки)
Зошто HACCP?
- Се фокусира на идентификација и превенција на опасностите;
- Овозможува поефективна и поефикасна работа;
- Флексибилен систем. Лесно се прилагодува на напредувањето на опремата;
- Ги подобрува односите меѓу производителите на храна и инспекторите, како и меѓу производителите и купувачите/консументите;
- Ја зголемува довербата меѓу производителите и трговците и потикнува трговија;
- Ги намалува бариерите на меѓународната трговија;
- Ја зголемува конкурентноста на компаниите на светскиот пазар
- Лесно се интегрира со системите за управување со квалитет (ISO 9001) и системите за управување со животна средина (ISO 14001)
- Законска обврска во Македонија
- 2002 год: Закон за безбедност на храната и на производите и матерјалите кои доаѓаат во контакт со храната (Сл.Весник бр.54/2002,член 26)
- 2006 год: Правилник за санитарно хигиенските услови за производство на храна (Сл.Весник бр.32/2006)
Придобивки од воведување на НАССР систем:
- Еден задоволен купувач ве води кон друг;
- Усогласеност со законот;
- Добра репутација кај клиентите;
- Зголемување на профитот;
- Повисок морал на персоналот;
- Осогласување со барањата на законот за безбедност на храна;
- Подобра работна околина.
Негативни последици од невоведување на НАССР системот
- Труење со храна, а понекогаш и смрт;
- Поплаки од клиентите;
- Навала на штетници;
- Затварање на производствени капацитети;
- Реакции од страна на цивилно населени;
- Нарушување на угледот;
- Проблеми со инспекциските органи (агенција за храна)
- Загуби на профит.