Потрошувачите се повеќе бараат производи кои се произведени во согласност со еколошките и социјалните критериуми. FSC сертификатот е гаранција дека дрвото до крајниот корисник доаѓа по строго следен ланец: од сертификувана шума, преку обработка и производство. На англиското говорно подрачје ова се нарекува СоС сертификација (СоС certification – Chain of custody – надзорен ланец). Кога го претставуваат своето FSC лого претпријатијата докажуваат дека дрвото кое го користат потекнува од шуми кои се одгледувани на одржлив начин. FSC е највисокото ниво на осигурување на квалитетот во шумарството, дрвната индустрија и индустријата за хартија, кој во својата структура содржи низа барања од областа на квалитетот, социјалната сфера и екологијата.

Со издавањето на FSC СоС сертификатот и истакнувањето на FSC логото на производите, чија основна состојка е дрвото, претпријатието кон потрошувачите праќа информација за тоа дека дрвото вградено во производот поминало низ строг надзорен ланец, од сечата на шумата под надзор на стручни лица, до одговорните во преработката и производството, низ рационално искористување на дрвото. Постојат 3 врсти на FCS сетификати односно налепници кои се истакнуваат на производот FSC Pure – чисто дрво, FSC mixed source – мешани извори каде има минимум 50% FSC сертификувано дрво, FSC recycled – рециклирано дрво. Со добивањето на FSC логото на производот претпријатието покажува дека посветува подеднаква грижа за шумското богатство, како и на неговите клиенти.

 

 

Shared hosting is usually found with cpanel hosting on most hosting companies. Always check out hostmonster review and bluehost review before making any hosting purchase.
loading