ISO 22000:2018 – Систем за управување со безбедност на храна
ISO22000:2018 е прв меѓународен стандард за управување со безбедност на храна (Food safety management systems) издаден од Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во 2005 година го издала стандардот ISO22000 – Систем за управување со безбедноста на храната – барања за секоја организација во прехранбениот синџир. Во 2018 ISO организацијата ја издава втората верзаија на ISO22000:2018. Истиот претставува решение за поврзување на сите стандарди за обезбедување на безбедност на храната кои во моментот се меѓународно признати.
ISO 22000:2018 ги здружува сите барања за системот HACCP по Кодекс Алиментариус – Codex Alimentariusu, правилата за добрата производна пракса (ДПП) и добрата хигиенска пракса (ДХП), следливоста и означувањето на храната. Стандардот е употреблив во сите фази на прехранбениот синџир. Организациите, кои во своите деловни системи имаат вградено и било кој од ISO стандардите (ISO 9001, ISO 14001,..) или исто така сертифициран HACCP систем, ќе можат полесно да го интегрираат ISO 22000.
Согласно ISO 22000 безбедноста на храната е приоритет за сите организации кои произведуваат, преработуваат, ракуваат складираат или испорачуваат храна.
Адекватната контрола во постапките на подготовка, производство и испораката на храната е суштинска по безбедноста на храната се со цел да се елиминираат или смалат опасностите на прифатливо ниво.
Барањата на овој стандард се применливи кај сите организации во ланецот на храна без разлика на големината и сложеноста.
Директно или индеректно вклучени во еден или повеќе чекори во ланецот на производство на безбедна храна:
- производство и преработка на храна и додатоци за производство на прехранбени производи;
- малопродажба и големопродажба на додатоци за храна;
- компании за транспорт и чување на храна;
- производство на материјали и амбалаза кои што доаѓаат во директен контакт со храна.
Предности и користи од имплементацијата на ISO 22000
- безбеден производ;
- смалување на ризиците од можноста за труење со храна;
- подобрување на предусловната програма и хогоената во објектот;
- усогласеност со законската регулатива;
- подобра организираност во управувањето на организацијата;
- смалување на трошоците;
- поголема конкурентност на пазарот;
- можност за пробивање на меѓународни пазари;
- зголемување на довербата кај купувачите и заинтерисираните страни.