ISO9001 – Систем за управување со квалитет
ISO9001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барања на системот за квалитет, чија примарна цел е задоволството на корисниците. Управувањето на систем за квалитет ISO9001 важи за сите бизниси, без оглед на видот, големината, организација или производите/услугите, кои се испорачуваат.
Целта на ISO9001 е да обезбеди на квалитет во работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација. |
ISO9001 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:
- Определување на Политиката за квалитет;
- Дефинирање на одговорности и овластувања во oрганизацијата;
- Дефинирање на Цели за квалитет;
- Планирање и обезбедување на ресурси;
- Планирање и дефинирање на потребни обуки за персоналот;
- Реализирање на барањата на клиентот
- Контрола на неусогласен производ или услуга;
- Дефинирање на корективни мерки за надминување на неусогласениот производ или услуга;
- Мерење, анализа и подобрување на производот или услугата.
Подобрување на перформансите на деловните процеси, општо опфаќа јасна дистрибуција за овластување на одговорностите, подобрување на продуктивноста и ефикасноста, скратување на времето на одлучување и производството, континуирано подобрување на процесите и намалување на трошоците во работењето.
Придобивки од воведување на ISO9001
- ефикасно работење (загубите, неуспесите се сведуваат на минимум);
- поголема одговорност и свест на вработените;
- подобрување на статусот на фирмата;
- вреднување и документирање на работните задачи;
- способност за натпревар на иста основа со поголеми организации;
- можност за освојување на нови пазари;
- подобро искористување на времето и ресурсите;
- подобра идентификација на производот или услугата и зголемен профит;
- континуирано подобрување;
Зошто на малите бизниси им е потребен ISO9001 ?
- оптимизација на производствените процеси т.е. намалени трошоци;
- задоволност и намален број на поплаки од клиентите;
- јасна процедура за работните обврски на секој вработен;
- зајакнување на брендот;
- можности за освојување на нови пазари;
- малите бизниси треба да вложат во минимизација на загубите при произведувањето на производот;
- на долгорочен план ќе заштедат финансиски средства со кои ќе можат во иднина да го прошират својот бизнис;
- меѓународно прифакање на сертифициран ISO9001.
Дали воведување ISO9001 значи и загарантиран квалитет ?
- овој стандард се однесува на менаџирање на квалитетот во организацијата, (Quality management system – QMS);
- не се однесува на квалитетот на производот/услугата што ги нуди организацијата, туку на начинот на кој таа управува со процесите;
- организациите кои работат според барањата од ISO9001, бележат намалување на производите/услугите кои не ги исполнуваат барањата за квалитет;
- полесно ги пронаоѓаат причините за нивно појавување, а со тоа и полесно и побрзо отстранување на истите;
- QMS влијае врз квалитетот на производот или услугата;
- зголемени маркетинг и продажни можности.