Што е SA 8000:2014 ?
SA-8000 е креиран во 1997 година и се базира на принципите на меѓународните стандарди во однос на работните услови, кои се вклучени во конвенциите на:
Меѓународната организација на трудот (ILO), Универзалната декларација за човековите права (UDHR) и Конвенцијата на ОН за правата на децата (CRC).
Главниот акцент е фокусиран на унапредување на условите за работа. Овие политики и процедури ја насочуваат организацијата да ги унапредува и демонстрира нивните стандарди за општествена одговорност во рамките на организацијата во однос на фундаменталните човекови права.
SA 8000 е првиот стандард во оваа област, тој е компатибилен со стандардот ISO 9001, структуриран и базиран на принципите на Меѓународната организација на трудот, декларација за човекови права и конвенцијата на ОН за правата на децата.
SA 8000 вклучува развој и аудит на менаџмент системи кои промовираат општествено одговорни работни практики давајќи придобивки во комплетниот ланец на добавувачи.
Кои се главните барања на SA 8000 ?
Постојат 9 области во доменот на општествената одговорност на SA 8000:
Детски труд
Присилна работа
Здравствено осигурување
Слобода на здружување и колективно договарање
Дискриминација
Дисциплина
Работно време
Надокнада
Систем на менаџмент
Во клучните области даден е посебен фокус на:
• детскиот труд и прекувремената работа
• барања и претставување на хумани работни услови
• загарантирана плата
• недискриминација во однос на раса, пол, или религија
• систематско унапредување на работните услови
• надворешна верификација (преку цертификација)
• право на слободно здружување, организирање во синдикати и ангажирање во колективното преговарање за платите
• 48 часовна работна недела со еден слободен ден неделно