ISO45001 – Систем за управување со безбедност и здравје
ISO45001 преставува стандард кој им овозможува на организациите управување со здравствените и сигурносните аспекти на деловните дејности на делотворен начин, притоа внимателно водејќи сметка за спречување на незгоди, смалување на ризикот и благосостојба на работниците.
Целта на ISO45001 е спречување или намалување на повредите на работното место и подобрување на работните услови. Специфично дизајниран да биде потполно компатибилен со ISO9001 и ISO 14001.
Зошто ви е потребен ISO45001 ?
- подобрува самодовербата на вашето внатрешно работење во исполнување на корисничките барања, како и на вашиот општ учинок;
- одредување на ризиците кои влијаат на безбедноста и заштитата при работа;
- планови и програми за безбедноста и заштитата при работа;
- намалување на ризикот за безбедност кој произлегува од деловните активности на организацијата;
- зголемување на довербата помеѓу клиентите и инвеститорите околу обврската за управување со безбедност и заштита при работа;
- одржување на коректни односи со своите вработени;
- критериум за учество на тендер;
- подобрување на угледот на организацијата на пазарот.
Посветеност на безбедноста и заштитата при работа
- организациите се повеќе се преокупирани со демонстрирањето на својата посветеност за заштита на здравјето и безбедноста на работа;
- тоа е најважно за нивните работници, но и за клиентите, сопствениците како и за репутацијата на претпријатието;
- освен тоа, строгото законодавство бара посветеност на заштита на здравјето и безбедноста на работата;
- клиентите и работниците сакаат доказ за тоа однапред, а исто така и сакаат да знаат дека фирмата ќе продолжи да ги задоволи нивните потреби како сега, така и долгорочно;
- тоа е предизвик, но и прилика фирмата да го намали ризикот и да обезбеди сигурна работна средина.
Придобивки од имплементација и сертификација на ISO45001
- со покажување на посветеност на компанијата на заштитата на здравјето и безбедноста на работата може позитивно да се влијае на вашето интерно работење и да се намали борјот на незгодите, опасностите и времето на неактивност;
- безбедноста на работниците и квалитетот на работната средина активно се подобруваат затоа што целите и одговорностите појасно се идентификуваат, а сите работници се припремени на продуктивно однесување со сите идни опасности;
- ISO45001 обезбедува усогласеност со важечките законски прописи и го намалува ризикот од казни и можни судски постапки;
- вообичаената корист од овој сертификат е можноста за аплицирање на меѓународни и јавни тендери;
- усогласување на работнте процеси и работните услови со законските прописи;
- ја подобрва генералната слика на oрганизацијата;
- редовните проценки ви помагаат во континуирано следење и користење на вашиот систем за управување со заштитата на здравјето и безбедноста на работата и неговите процеси;
- се постигнува значаен чекор на подобро во поглед на мотивираноста и посветеноста на персоналот, како и во поглед на разбирањето на нивните одговорности во поглед на безбедноста на работата на нивните работни места;
- ги сведува на минимум повредите на работното место;
- ги заштитува сите вработени во oрганизацијата како и посетителите во организацијата;
- влијае врз спремноста на раководството за првовремено отклонување на опасноста;
- дава предност на домашниот и меѓународниот пазар;
- сертификацијата по ISO45001 стандардот ви овозможува да ја покажете својата посветеност на заштита на здравјето и безбедноста на сите кои учествуваат во работната организација.