Со издавањето на FSC СоС сертификатот и истакнувањето на FSC логото на производите, чија основна состојка е дрвото, претпријатието кон потрошувачите праќа информација за тоа дека дрвото вградено во производот поминало низ строг надзорен ланец, од сечата на шумата под надзор на стручни лица, до одговорните во преработката и производството, низ рационално искористување на дрвото
Archive for the ‘Banner’ Category
ISO 9001
ISO9001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барања на системот за квалитет, чија примарна цел е задоволството на корисниците. Управувањето на систем за квалитет ISO9001 важи за сите бизниси, без оглед на видот, големината, организација или производите/услугите, кои се испорачуваат.
Цел на ISO9001:2008 е обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација.
ISO 9001:2008 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:
- Определување на Политиката за квалитет
- Дефинирање на одговорности и овластувања во Организацијата
- Дефинирање на Цели за квалитет
- Планирање и обезбедување на ресурси
- Планирање и дефинирање на потребни обуки за персоналот
- Реализирање на барањата на Купувачот
- Управувње со неусогласен производ/услуга
- Дефинирање на корективни мерки за надминување на неусогласениот производ/услуга
- Мерење, анализа и подобрување на производот/услугата.
Подобрување на перформансите на деловните процеси, општо опфаќа јасна дистрибуција за овластување на одговорностите, подобрување на продуктивноста и ефикасноста, скратување на времето на одлучување и производството, континуирано подобрување на процесите и намалување на трошоците во работењето.
ISO 14001
ISO14001:2004 е интернационален стандард кој ги дефинира параметрите кои се неопходни за еден функционален систем за управување со заштита на животна средина.Самиот стандард е усогласен со барањата на ISO9001:2008 што дозволува лесно обединување со вашиот постоечки систем за квалитет или воведување на двата стандарда во еден интегриран систем за квалитет и животна средина.
ISO14001:2004 претставува водич како поефикасно да се управува со аспектите на околината во своите деловни активности, истовремено земајќи ја во предвид заштитата на околината, спречување на загадувањето и друштвено економските потреби. Клиентите во се позначителен број сакаат доказ за посветеноста, и тука е шансата на фирмите да го докажат искреното верување во зачувување на околината.
Цели на стандардот ISO14001:2004:
- ISO 14001:2004 е насочен кон идентификација и оценка на прашањата врзани за аспектите на животната средина
- да се спречат штетни влијанија кои вилјаат врз животната средина;
- доверба кај потрошувачите дека организацијата има за цел за намалување на потенцијалните ризици од загадувањето, намалување на отпадот, подобри контроли на внатрешните процеси и заштеда на енергијата;
- зголемување на нивото на односот кон граѓаните, локалната самоуправа и централната власт;
- одлично се однесува кон животната средина;
- намалување на инцидентите кои имаат одговорност;
- да се превземат соодветни мерки за заштита на животната средина;
- олеснителни околности при добивање на дозволи и овластувања.
OHSAS 18001
OHSAS18001:2007 преставува меѓународен стандард кој им овозможува на организациите управување со здравствените и сигурносните аспекти на деловните дејности на делотворен начин, притоа внимателно водејќи сметка за спречување на незгоди, смалување на ризикот и благосостојба на работниците. Цел на OHSAS18001:2007 е спречување или намалување на повредите на работното место и подобрување на работните услови. Специфично дизајниран да биде потполно компатибилен со ISO9001 и ISO 14001.
Зошто ви е потребен ОНЅАЅ18001:2007 ?
- подобрува самодовербата на вашето внатрешно работење во исполнување на корисничките барања, како и на вашиот општ учинок;
- одредување на ризиците кои влијаат на безбедноста и заштитата при работа;
- планови и програми за безбедноста и заштитата при работа;
- намалување на ризикот за безбедност кој произлегува од деловните активности на организацијата;
- зголемување на довербата помеѓу клиентите и инвеститорите околу обврската за управување со безбедност и заштита при работа;
- одржување на коректни односи со своите вработени;
- критериум за учество на тендер;
- подобрување на угледот на организацијата на пазарот.
ISO 27001
Интернационален стандард кој што обезбедува модел за воведување, спроведување, следење и одржувањена системот за управување со безбедност на информации.
- Значаен стандард за организации кои работат во области кои на било каков начин се повразни со информациските технологии и потребата за зачувување на доверливоста на информациите;
- Концизен процес за оценување, имплементирање, одржавање и управување со безбедност на информации
- Се применува кај сите организации и компании кои имаат потреба за заштита на своите информации;
- Имплементацијата на ISO27001 овозможува подобра соработка и комуникација со слични организации кои работат по овој модел;
- Со ISO27001, организациите им демонстрираат на своите клиенти и корисници дека работат со процеси прилагодени согласно принципите на безбедност на информации;
- Избалансиран процес помеѓу физички, технички и процедурална безбедност и лична безбедност.
HACCP – Анализа на опасностите и критичните контролни точки
HACCP системот е законска обврска за сите оператори кои што се занимаваат со производство, подготовка, складирање и трговија со прехранбени производи.
- Во 2002 год. е усвоен Закон за безбедност на храната и на производите и матерјалите кои доаѓаат во контакт со храната (Сл.Весник бр.54/2002,член 26);
- Во 2006 год. е усвоен Правилник за санитарно хигиенските услови за производство на храна (Сл.Весник бр.32/2006);
- Се фокусира на идентификација и превенција на опасностите;
- Овозможува поефективна и поефикасна работа;
- Флексибилен систем. Лесно се прилагодува на напредувањето на опремата;
- Ги подобрува односите меѓу производителите на храна и инспекторите, како и меѓу производителите и купувачите/консументите;
- Ја зголемува довербата меѓу производителите и трговците и потикнува трговија;
- Ги намалува бариерите на меѓународната трговија;
- Ја зголемува конкурентноста на компаниите на светскиот пазар;
- Лесно се интегрира со системите за управување со квалитет (ISO 9001) и системите за управување со животна средина (ISO 14001);
Придобивки од воведување на НАССР систем:
- Еден задоволен купувач ве води кон друг;
- Усогласеност со законот;
- Добра репутација кај клиентите;
- Зголемување на профитот;
- Повисок морал на персоналот;
- Осогласување со барањата на законот за безбедност на храна;
- Подобра работна околина.
Негативни последици од невоведување на НАССР системот
- Труење со храна, а понекогаш и смрт;
- Поплаки од клиентите;
- Навала на штетници;
- Затварање на производствени капацитети;
- Реакции од страна на цивилно населени;
- Нарушување на угледот;
- Проблеми со инспекциските органи (агенција за храна)
- Загуби на профит.
ISO 22000
ISO22000:2005 е прв меѓународен стандард за управување со безбедност на храна (Food safety management systems) издаден од Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
Согласно ISO22000 безбедноста на храната е приоритет за сите организации кои произведуваат, преработуваат, ракуваат или испорачуваат храна.
Адекватната контрола во постапките на подготовка, производство и испораката на храната е суштинска по безбедноста на храната се со цел да се елиминираат или смалат опасностите на прифатливо ниво.
Барањата на овој стандард се применливи кај сите организации во ланецот на храна без разлика на големината и сложеноста.