ISO9001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барања на системот за квалитет, чија примарна цел е задоволството на корисниците. Управувањето на систем за квалитет ISO9001 важи за сите бизниси, без оглед на видот, големината, организација или производите/услугите, кои се испорачуваат.
Цел на ISO9001:2008 е обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација.
ISO 9001:2008 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:
- Определување на Политиката за квалитет
- Дефинирање на одговорности и овластувања во Организацијата
- Дефинирање на Цели за квалитет
- Планирање и обезбедување на ресурси
- Планирање и дефинирање на потребни обуки за персоналот
- Реализирање на барањата на Купувачот
- Управувње со неусогласен производ/услуга
- Дефинирање на корективни мерки за надминување на неусогласениот производ/услуга
- Мерење, анализа и подобрување на производот/услугата.
Подобрување на перформансите на деловните процеси, општо опфаќа јасна дистрибуција за овластување на одговорностите, подобрување на продуктивноста и ефикасноста, скратување на времето на одлучување и производството, континуирано подобрување на процесите и намалување на трошоците во работењето.