ISO22000:2005 е прв меѓународен стандард за управување со безбедност на храна (Food safety management systems) издаден од Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
Согласно ISO22000 безбедноста на храната е приоритет за сите организации кои произведуваат, преработуваат, ракуваат или испорачуваат храна.
Адекватната контрола во постапките на подготовка, производство и испораката на храната е суштинска по безбедноста на храната се со цел да се елиминираат или смалат опасностите на прифатливо ниво.
Барањата на овој стандард се применливи кај сите организации во ланецот на храна без разлика на големината и сложеноста.