HACCP – Анализа на опасностите и критичните контролни точки

HACCP системот е законска обврска за сите оператори кои што се занимаваат со производство, подготовка, складирање и трговија со прехранбени производи.

  • Во 2002 год. е усвоен Закон за безбедност на храната и на производите и матерјалите кои доаѓаат во контакт со храната (Сл.Весник бр.54/2002,член 26);
  • Во 2006 год. е  усвоен Правилник за санитарно хигиенските услови за производство на храна (Сл.Весник бр.32/2006);
  • Се фокусира на идентификација и превенција на опасностите;
  • Овозможува поефективна и поефикасна работа;
  • Флексибилен систем. Лесно се прилагодува на напредувањето на опремата;
  • Ги подобрува односите меѓу производителите на храна и инспекторите, како и меѓу производителите и купувачите/консументите;
  • Ја зголемува довербата меѓу производителите и трговците и потикнува трговија;
  • Ги намалува бариерите на меѓународната трговија;
  • Ја зголемува конкурентноста на компаниите на светскиот пазар;
  • Лесно се интегрира со системите за управување со квалитет (ISO 9001) и системите за управување со животна средина (ISO 14001);

Придобивки од воведување на НАССР систем:

  • Еден задоволен купувач ве води кон друг;
  • Усогласеност со законот;
  • Добра репутација кај клиентите;
  • Зголемување на профитот;
  • Повисок морал на персоналот;
  • Осогласување со барањата на законот за безбедност на храна;
  • Подобра работна околина.

Негативни последици од невоведување на НАССР системот

  • Труење со храна, а понекогаш и смрт;
  • Поплаки од клиентите;
  • Навала на штетници;
  • Затварање на производствени капацитети;
  • Реакции од страна на цивилно населени;
  • Нарушување на угледот;
  • Проблеми со инспекциските органи (агенција за храна)
  • Загуби на профит.
Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.

Shared hosting is usually found with cpanel hosting on most hosting companies. Always check out hostmonster review and bluehost review before making any hosting purchase.
loading