Новиот модуларен пристап на обуки за ISO27001, ISO27701, ISO42001, GDPR, NIS 2, DORA, CRA го менува традиционалниот модел со тоа што го заменува повеќедневниот сувопарен теоретски тренинг со кратки, флексибилни и практични блокови на учење.
Овој пристап им овозможува на компаниите и поединците да ги слушаат само оние модули што им се реално потребни со што заштедуваат време и буџет
Целта на модуларниот пристап е:
- Модуларно практично и ефикасно
- Стручни обуки по твоја мерка: плати го само тоа што те интересира и што сакаш да го учиш
- Модуларни обуки (брзи, фокусирани) наспроти Традиционални обуки (досадни, долги)
- Трошок: еднократна инвестиција, плаќање по модул
Модуларна програма на обуката се базира на 3 столбови:
Столб 1: Основа (Информациска безбедност и приватност)
· Модул ISO 27001 (ISMS): Како да се постави рамката за безбедност на информации. Управување со ризици (ISO27005), Управување со контроли (Annex A).
· Модул ISO 27701 (PIMS): Надградба на ISO 27001 за заштита на личните податоци (усогласеност со GDPR / нов Закон за заштита на лични податоци).
Столб 2: Регулативи и Законска усогласеност (Задолжителни рамки)
· Модул NIS 2 Директива: Задолжително за критична инфраструктура (енергетика, транспорт, здравство, ИКТ менаџирани услуги). Фокус на одговорност на менаџментот и пријавување инциденти.
· Модул DORA (Digital Operational Resilience Act): Задолжително за финансискиот сектор (банки, осигурување, ИТ провајдери кои работат со нив). Фокус на тестирање на отпорност и ИКТ ризици од трети страни.
· Модул CRA (Cyber Resilience Act): Задолжително за производители на хардвер и софтвер („производи со дигитални елементи“). Фокус на безбеден развој на софтвер (Secure SDLC) и CE ознаки.
Столб 3: Иднина и Иновации
Модул ISO 42001 (Artificial Intelligence): Првиот меѓународен стандард за менаџмент со Вештачка Интелигенција (AIMS). Фокус на етика, транспарентност и проценка на ризик кај AI моделите
Повеќе информации можете да добиете на:
info@mobeskvalitet.mk и biljana@mobeskvalitet.mk