ISO9001 – Систем за управување со квалитет 

ISO9001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барања на системот за квалитет, чија примарна цел е задоволството на корисниците. Управувањето на систем за квалитет ISO9001 важи за сите бизниси, без оглед на видот, големината, организација или производите/услугите, кои се испорачуваат.

Целта на ISO9001 е да обезбеди на квалитет во работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација.

ISO9001 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:

  • Определување на Политиката за квалитет;
  • Дефинирање на одговорности и овластувања во oрганизацијата;
  • Дефинирање на Цели за квалитет;
  • Планирање и обезбедување на ресурси;
  • Планирање и дефинирање на потребни обуки за персоналот;
  • Реализирање на барањата на клиентот
  • Контрола на неусогласен производ или услуга;
  • Дефинирање на корективни мерки за надминување на неусогласениот производ или услуга;
  • Мерење, анализа и подобрување на производот или услугата.

Подобрување на перформансите на деловните процеси, општо опфаќа јасна дистрибуција за овластување на одговорностите, подобрување на продуктивноста и ефикасноста, скратување на времето на одлучување и производството, континуирано подобрување на процесите и намалување на трошоците во работењето.

Придобивки од воведување на ISO9001

  • ефикасно работење (загубите, неуспесите се сведуваат на минимум);
  • поголема одговорност и свест на вработените;
  • подобрување на статусот на фирмата;
  • вреднување и документирање на работните задачи;
  • способност за натпревар на иста основа со поголеми организации;
  • можност за освојување на нови пазари;
  • подобро искористување на времето и ресурсите;
  • подобра идентификација на производот или услугата и зголемен профит;
  • континуирано подобрување;

Зошто на малите бизниси им е потребен   ISO9001 ?

  • оптимизација на производствените процеси т.е. намалени трошоци;
  • задоволност и намален број на поплаки од клиентите;
  • јасна процедура за работните обврски на секој вработен;
  • зајакнување на брендот;
  • можности за освојување на нови пазари;
  • малите бизниси треба да вложат во минимизација на загубите при произведувањето на производот;
  • на долгорочен план ќе заштедат финансиски средства со кои ќе можат во иднина да го прошират својот бизнис;
  • меѓународно прифакање на сертифициран ISO9001.

Дали воведување ISO9001 значи и загарантиран квалитет ?

  • овој стандард се однесува на менаџирање на квалитетот во организацијата, (Quality management system – QMS);
  • не се однесува на квалитетот на производот/услугата што ги нуди организацијата, туку на начинот на кој таа управува со процесите;
  • организациите кои работат според барањата од ISO9001, бележат намалување на производите/услугите кои не ги исполнуваат барањата за квалитет;
  • полесно ги пронаоѓаат причините за нивно појавување, а со тоа и полесно и побрзо отстранување на истите;
  • QMS влијае врз квалитетот на производот или услугата;
  • зголемени маркетинг и продажни можности.
Shared hosting is usually found with cpanel hosting on most hosting companies. Always check out hostmonster review and bluehost review before making any hosting purchase.
loading