ISO14001 – Систем за управување со заштита на животна средина

ISO14001 е интернационален стандард кој ги дефинира параметрите кои се неопходни за еден функционален систем за управување со заштита на животна средина. ISO14001 е усогласен со барањата на ISO9001 што дозволува лесно интегрирање со вашиот постоечки систем за квалитет или воведување на двата стандарда во еден интегриран систем за квалитет и животна средина.

ISO14001 претставува  водич како поефикасно да се управува со аспектите на околината во  своите деловни активности, истовремено земајќи ја во предвид заштитата на околината, спречување на загадувањето и друштвено економските потреби. Клиентите во се позначителен број сакаат доказ за посветеноста, и тука е шансата на фирмите да го докажат  искреното  верување  во  зачувување  на околината.

Цели на стандардот ISO14001

  • ISO 14001 е насочен кон идентификација и оценка на прашањата врзани за аспектите на животната средина
  • да се спречат штетни влијанија кои вилјаат врз животната средина;
  • доверба кај потрошувачите дека организацијата има за цел за намалување на потенцијалните ризици од загадувањето, намалување на отпадот, подобри контроли на внатрешните процеси и заштеда на енергијата;
  • зголемување на нивото на односот кон граѓаните, локалната самоуправа и централната власт;
  • одлично се однесува кон животната средина;
  • намалување на инцидентите кои имаат одговорност;
  • да се превземат соодветни мерки за заштита на животната средина;
  • олеснителни околности при добивање на дозволи и овластувања.

Имплементиран ISO14001 обезбедува

  • постојано подобрување на искористенос на ресурсите на организацијата;
  • усогласеност со законската регулатива на РМ од областа на заштита на животна средина;
  • препознатливост на вашата организација по напорите кој ги вложува во управувањето со заштита на животната средина;
  • влез на најпребирливите пазари на вашите производи;
  • поголема доверба во организацијата од страна на сите заинтересирани страни (купувачи, корисници, локално население, вработените, севкупната јавност.)
  • подобрување на имиџот на организацијата;
  • зголемување на имиџот кај бизнис партнерите.

Придобивки од примената на стандардот ISO14001

  • меѓународно прифатената норма за Системот на управување со заштита на животна средина ISO 14001 и e голем поттик за репутација на секоја фирма;
  • со докажувањето на својата вистинска посветеност за зачувување на околината, можете да ја трансформирате својата корпоративна култура така што ќе привлечете нови бизниси или клиенти кои што се еколошки освестени, додека вработените може да развијат етички пристап на работното место;
  • компатибилноста со ISO 14001:2004, исто така  може на фирмата да и обезбеди подобро искористување на енергијата и ресурсите, како  и намалување на трошоците со текот на времето;
  • помага да обезбедите согласност со законодавството  за зачувување на околината, при што го намалува ризикот за добивање на казни и можни забрани;
  • со сертификацијата на Системот за управување со заштита на животна средина од страна на акредитирана сертификациона куќа, ќе и овозможите на вашата фирма  развој, како и подобрување на настапот на домашниот и меѓународниот пазар;
  • ISO14001 сертификатот на Системот за управување со заштита на животна средина ви овозможува да покажете висок степен на еколошка свест во натпреварувањето за добивање на меѓународни бизниси или во случај на ширање на работењето на локалниот пазар.
Shared hosting is usually found with cpanel hosting on most hosting companies. Always check out hostmonster review and bluehost review before making any hosting purchase.
loading